Четврток, 25 јануари 2018 година

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Број 11/16-20 ЧЕТВРТОК 25 јануари 2018 година

ЗАКАЖАНИ АКТИВНОСТИ

11.00 часот, Сала 10 СЕДНИЦА БР. 9 НА КОМИСИЈА ЗА ПРАШАЊА НА ИЗБОРИТЕ И ИМЕНУВАЊАТА Предлог на дневен ред: 1. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија; 2. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија; 3. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави; 4. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО); 5. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици – членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација; 6. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ); 7. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците; 8. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции. 11.00 часот, Сала 6 СЕДНИЦА БР. 10 НА КОМИСИЈА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА Предлог на дневен ред: 1. Финансиски план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2018 година; 2. Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2018 година; 3. Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2018 година; 4. Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2018 година; 5. Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2018 година. 11.00 часот, Сала 4 СЕДНИЦА БР. 10 НА КОМИСИЈА ЗА ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ Предлог на дневен ред: 1. Предлог-закон за дополнување на Законот за класифицирани информации – II читање; 2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи – II читање; 3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција – II читање, (архивски број 08-4993/1) 4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција – II читање, (архивски број 08-4766/1). 12.00 часот, Сала „Борис Трајковски“ СЕДНИЦА БР. 17 НА КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ Предлог на дневен ред: 1. Годишен финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2018 година. 13.00 часот, Сала 6 СЕДНИЦА БР. 19 НА КОМИСИЈА ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ И ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ Предлог на дневен ред: 1. Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2016 година; 2. Годишен извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2016 годинa. Предлогот на дневниот ред се дополнува со: 1. Разгледување на извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство. 13.00 часот, Сала 4 СЕДНИЦА БР. 41 НА ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА Предлог на дневен ред: 1. Предлог-закон за дополнување на Законот за класифицирани информации – II читање; 2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи – II читање; 3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција – II читање; 4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција – II читање; 5. Барање за давање на автентично толкување на член 14 став 2 алинеја 2 од законот за изменување и дополнување на Законот за домување, поднесено од пратеничката Невенка Стаменковска; 6. Барање за давање на автентично толкување на член 25 а во врска со член 37 од Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, поднесено од пратеникот Петар Атанасов. Подготвила: Снежана Орловиќ Стојановиќ Контролирал: Одобрил: Фелек Касами Одделение за јавно информирање и односи со јавноста 25.01.2018 Превземено од Собрание.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *