ДЕВЕТНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 19. седница одржана на 4. јуни 2018 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2017 година;
  2. Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2017 година;
  3. Годишниот извештај за работата на Агенцијата за Пошти за 2017 година;
  4. Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година;
  5. Годишниот извештај за работата на Македонската радио телевизија за 2017 година;
  6. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање- I читање (Поднесен од пратениците: Томислав Тунтев, Диме Велковски, Мери Лазарова, Благојче Трпевски, Мирослав Јовановиќ, Реџаиљ Исмаили, Агим Муртезанов, Лидија Тасевска и Агим Шаќири).

На седницата на Комисијата во својство на претставници учествуваа:

  • oд Агенцијата за електронски комуникации, г-ѓа Гордана Клинчарова, претседател на Комисијата;
  • од Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор присуствуваше членот на Управниот одбор, г. Сејдин Абази;
  • од Агенцијата за Пошти присуствуваше директорот,  г. Влатко Атансоски;
  • од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги присуствуваше директорот, г. Зоран Трајчевски;
  • од ЈРП Македонска радио телевизија присуствуваше, г-ѓа Смилка Јаневска Саркањац од Програмскиот совет на МРТ.

Претставниците ги образложија горенаведените Годишни извештаи.

Додека во образложението по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање- I читање претставникот на предлагачите, пратеникот Томислав Тунтев ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусија по точките на дневниот ред учествуваа пратениците: г. Костадин Ацевски, г-ѓа Лилјана Затуроска, г. Зоран Илиоски, г. Панчо Минов, г. Диме Велковски, г-ѓа Ане Лашкоска, г. Никола Мицевски, г. Костадин Ацевски, г. Благојче Трпевски, г. Благоја Деспотоски и г. Томислав Тунтев.

На крајот од дискусијата, Комисијата го усвои предлогот Собранието да донесе Предлог одлука за одобрување на Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2017 година, истотака едногласно му предложи на Собранието да го разгледа Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2017 година.

Но Комисијата не ги усвои заклучоците со кои се предлага Собранието на Република Македонија да ги разгледа Годишните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година, Годишниот извештај за работата на Македонската радио-телевизија за 2017 година и Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2017 година.

Додека во однос на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, Комисијата, констатираше дека е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Превземено од Собрание.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *