САМИТ НА ЖЕНИ ПОЛИТИЧКИ ЛИДЕРИ

Во рамките на Самитот на жени политички лидери, што годинава се одржува во Вилнус, Литванија, учествуваше и Делегација на Собранието на Република Македонија, составена од пратеничките: Ѓулумсер Касапи, Ирена Стефоска, Лилјана Кузмановска и Мирсада Емини-Асани.

На Самитот учествуваа претставници и членови на делегации од околу 80 земји, со повеќе од 400 претставници. Главната порака и агенда на повеќето теми кои се дискутираа на овој Самит, беше лидерството на жените политичарки кои го менуваат светот.

Македонската делегација активно учествуваше на овој Самит и во своето обраќање посебно се задржа на темите околу рамноправноста и застапеноста на жените во македонската политика.

Меѓу повеќето теми на кои се осврна македонската делегација, особено се потенцираше значењето на Парламентарниот клуб на пратенички, кој годинава одбележува 15 години од своето постоење и придонесот кој го направи овој клуб во рамките на унапредувањето на легислативата, особено зголемувањето на процентот на учество на жените и мажите како теми кои ја регулираат родовата еднаквост, итн.

„Иако сè уште живееме во светот на мажите, ние ќе продолжиме неуморно да работиме на многу прашања кои се поврзани со зајакнување и збогатување на можностите на жените во македонското општество“, истакнаа претставниците на македонската делегација.

На маргините на Самитот, Делегацијата на Собранието на Република Македонија оствари кратка билатерална средба со заменик-премиерот на Романија. На средбата се констатираа досегашните пријателски односи меѓу двете земји и од страна на романската вицепремиерка беше искажана силна поддршка за нашите интеграции во ЕУ на претстојниот Европски совет.

Превземено од Собрание.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *