ПОТПИШАН ТРЕТИОТ ПО РЕД МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ

Генералната секретарка на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Цветанка Иванова и директорот на Центарот за европски безбедносни студии (CESS), г. Меријн Хартог, во присуство на абмасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Ваутер Пломп, го потпишаа третиот по ред Меморандум за разбирање.

Станува збор за нов проект за соработка кој има за цел да го зајакне капацитетот за оценување и следење на македонските граѓански организации, а со тоа и да се зголеми нивното влијание врз македонскиот парламент преку квантитативни и квалитативни политички ориентирани анализи. 

Проектот е пред се наменет во зголемување на соработката помеѓу граѓанското општество и парламентот, посебно во делот на заедничко јакнење на своите надзорни функции.

На чинот на потпишувањето од страна на генералната секретарка Иванова беше изразена благодарноста кон Центарот за европски безбедносни студии, а посебно и кон холандската амбасада, за целокупната помош која е дадена од нивна страна во подобрувањето на функционирањето на службите во Собранието на Република Македонија. Посебно беше истакната подготвеноста да и овој трет Меморандум за разбирање, резултира со успешни резултати исто како што тоа беа и претходните два.

Амбасадорот Пломп, а воедно и директорот на CESS, Меријн Хертог изразија силна поддршка во процесот на унапредување на Собранието и собраниските служби и изразија подготвеност и во иднина да дадат поддршка на сите проекти поврзани со успешната работа на Собранието на Република Македонија.

Превземено од Собрание.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *