НАДЗОРНА РАСПРАВА НА КОМИСИЈАТА ЗА КУЛТУРА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СВЕТСКОТО ПРИРОДНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОН

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија денеска го одржа првото продолжение на надзорната расправа која се однесува на Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива, во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО.

На надзорната расправа, во својство на сведоци, учествуваа: Елеонора Петрова-Митевска, директор на Управата за заштита на културното наследство; Џезми Салиу, директор на Управата за животна средина; Елеонора Новаковска, директор на Завод за заштита и музеј – Охрид; Валентина Поцевска, конзерватор-советник, експерт од Национален конзерваторски центар; Андон Бојаџи, директор на НП „Галичица“, Зоран Павлов; претседател на Комисијата за управување со Охридскиот регион и Сашо Трајановски, експерт од ЈНУ Хидробиолошки институт – Охрид. Поканетите учесници ги дадоа своите искази пред членовите на Комисијата за култура и одговараа на прашањата поставени од страна на пратениците.

Добиените информации, мислења и документи од сведоците, Комисијата за култура ќе ги разгледа и врз основа на нив ќе донесе заклучоци, по коишто се очекува соодветните надлежни институции да постапуваат.

Комисијата за култура ќе одржи уште едно продолжение, со што ќе се затвори расправата по однос на Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива.

Превземено од Собрание.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *