Среда, 25 април 2018 година

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Број 64/16-20
СРЕДА
25 април 2018 година

ЗАКАЖАНИ АКТИВНОСТИ

11.00 часот, Сала 10
СЕДНИЦА БР.12 НА КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО
Дневен ред:
1. Разгледување на Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција – Второ читање;
2. Разгледување на Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства – Второ читање.

11.00 часот, Сала 4
СЕДНИЦА БР.11 НА КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО
Дневен ред:
1. Разгледување на Извештај од Законодавно-правната комисија на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ловство – II читање.

12.00 часот, Сала „Борис Трајковски“
СЕДНИЦА БР.32 НА КОМИСИЈА ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ И ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ
(започната на 23.4.2018 год.) (прво продолжение)
Дневен ред:

1. Предлог на закон за дополнување на Законот за празниците на Република Македонија – I читање,
поднесен од: Самка Ибраимоски;
2. Годишнен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2017 година;

6.
Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2017 година;
7. Годишен извештај за работата на Агенцијата за aдминистрација за 2017 година;
8. Извештај за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзанин и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (за периодот од 15.9.2017 до 15.3.2018 година).

14.00 часот, Сала 6
СЕДНИЦА БР.3 НА КОМИСИЈА ЗА НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПОСЕБНАТА ИСТРАЖНА МЕРКА СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ ОД СТРАНА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, УПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА, ЦАРИНСКАТА УПРАВА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА
Дневен ред:
1. Извештај за извршените контроли на примената на посебната истражна мерка „Следење и снимање на телефонските и други електронски комуникации во постапка утврдена со посебен закон”;

2. Разно.

Подготвиле: Катерина Георгиевска; Оливера Цветковска-Јанушевска
Контролирал:
Одобрил: Фелек Касами

Одделение за јавно информирање и односи со јавноста 25.4.2018

Превземено од Собрание.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *