Средба на претседателот Китев со делегација на конференцијата на невладини организации при Советот на Европа

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа во чиј состав беа претседателот, г. Бетиан Китев и пратеничката, г-ѓа Шпреса Хадри денеска во Собранието на Република Македонија оствари средба со Делегација на Конференцијата на невладини организации при Советот на Европа предводена од претседателката, г-ѓа Ана Рурка и заменик-претседателот, г. Кристоф Спренг.

На почеток од средбата претседателот на македонската Делегација, г. Китев изрази благодарност за посетата, можноста да се разговара за сите прашања кои ѝ се важни на Конференцијата на невладини организации и нејзината работа, со цел јакнење на процесот на демократијата.

Во период кога е во подготовка Втората сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ќе се оддржи во април, Стразбург, исклучително важно е уште еднаш да се афирмираат сите прашања кои ги третира Советот на Европа како што се заштитата на човековите права, јакнење на демократијата и владеење на правото.

Претседателката Рурка, изрази благодарност за можноста да се разговара за прашања од интерес на Конференцијата, и дека целта на оваа посета е да се добие слика за тоа како е вклучено граѓанското општество во процесот на политичкото одлучување, поконкретно како Собранието соработува со невладиниот сектор во процесот на донесувањето на законите.

По остварените средби со граѓанските и младински организации кои работат на различни прашања, претседателката Рурка ја воочи и охрабри нивната отвореност и волјата за соработка, како и надежта што се буди со новиот политички амбиент.

Пратеничката Кадри посочи дека Собранието има одржано многу јавни расправи и нивните забелешки се драгоцени за нас како претставничка институција, тие се имплементираат и применуваат, а граѓанскиот сектор е коректор на Собранието.

Во продолжение претседателот Китев посочи дека обврска е да се слуша гласот на народот пренесен преку невладиниот сектор, Собранието е арена каде граѓанските организации се повеќе го диктираат темпото на работата и дека ова е особено битно за еден демократски амбиент.

Присутните во продолжение разменија мислења и практики во однос на останатите технички прашања од аспект на видливоста на процесот, отчетноста, иделаниот модел за соработка на институциите со граѓанскиот сектор споредбено со меѓународите искуства, како и продлабочување на нивната соработка во иднина.

Превземено од Собрание.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *