Шеста седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Шестата седница, одржана на 27 февруари 2018 година, како матично работно тело, во прво читање, разгледа 14 Предлог-закони:

  1. Предлог-законот за изменување на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за метрологијата;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Хари Локвенец,  Далибор Богдановски, Агим Шаќири);
  5. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Хари Локвенец,  Далибор Богдановски, Агим Шаќири);
  6. Предлог-законот за изменување на Закон за основање на Aгенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Хари Локвенец, Далибор Богдановски, Агим Шаќири);
  7. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Државната статистика (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Панче Иванов);
  8. Предлог-законот за изменување на Законот за основање на Агенција за енергетика на Република Македонија (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Хари Локвенец, Далибор Богдановски, Агим Шаќири);
  9. Предлог-законот за изменување на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Хари Локвенец, Далибор Богдановски, Агим Шаќири);
  10. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат (поднесен од: Јован Митрески, Ејуп Аљими, Хари Локвенец, Агим Шаќири, Далибор Богдановски);
  11. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стандардизација (поднесен од: Агим Шаќири, Хари Локвенец, Горан Милевски);
  12. Предлог-законот за изменување и дополнување на  Законот за заштита на конкуренцијата (поднесен од: Агим Шаќири, Хари Локвенец, Горан Милевски);
  13. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за индустриската сопственост (поднесен од: Агим Шаќири, Хари Локвенец, Горан Милевски);
  14. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акредитација (поднесен од: Агим Шаќири, Хари Локвенец, Горан Милевски).

– Воведно образложение по Предлогот на законот за изменување на Законот за основање на Агенција за енергетика на Република Македонија, Предлогот на законот за изменување на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија и Предлогот на законот за изменување на Законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија даде претставникот на предлагачите, пратеникот Агим Шаќири, а по Предлогот на законот за изменување на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија – г. Зоран Павловски, државен секретар во Министерството за економија.

Тие истакнаа дека целта на Предлог-законите е да се надмине фактичката состојба во однос на условот за именување на директор, што се однесува на психолошкиот тест и тестот за интегритет. Во однос на конкретниот тест, истиот е често користена алатка за проверка на психолошките карактеристики на кандидати за определени работни места, но проблем претставува фактот што во државата не постојат овластени правни лица кои располагаат со соодветен стручен кадар за развивање соодветни психолошки тестови за секоја различна работна позиција, вклучувајќи ги и избраните и именуваните лица.

– Што се однесува на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на конкуренцијата и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за индустриската сопственост, пратеникот Шаќири, покрај образложението за психолошкиот тест, додаде дека целта е да се овозможат реални и соодветни услови за претседателот и за членовите на Комисијата, во насока и врз основа на нивната законска надлежност како тело што ја овозможува и заштитува конкуренцијата во рамки на домашната пазарна економија, додека по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, додаде дека целта е да се овозможи друштвата со доминантна или во целосна сопственост на државата да бидат составени од членови-стручни лица коишто би биле експерти за конкретната материја, наместо да се условува нивната експертиза со поседување на еден од досега бараните сертификати за англиски јазик.

– Во однос на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за акредитација, Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија, Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за стандардизација, пратеникот Шаќири, покрај образложението за психолошкиот тест, додаде дека целта е да се овозможи и АПТИС како меѓународен сертификат за познавање на странски јазик да биде доказ за познавање на странски јазик за избор на директор на Институтот, затоа што овој сертификат е признаен секаде, но е и најевтин и најдостапен сертификат за познавање на англиски јазик во Република Македонија.

– Истото образложение следеше и од страна на државниот секретар Павловски по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за метрологијата.

– Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државната статистика го образложи претставникот на предлагачите, пратеникот Јован Митрески. Тој истакна дека целта е утврдување на потребните меѓународно признати сертификати како услов за избор на директор, како и бришење на условот за положен психолошки тест. Истиот е често користена алатка за проверка на психолошките карактеристики на кандидати за определени работни места, но проблем претставува фактот што во Република Македонија не постојат овластени правни лица кои располагаат со соодветен стручен кадар за развивање на соодветни психолошки тестови за секоја различна работна позиција, вклучувајќи ги и избраните и именуваните лица.

– При образложението на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за  јавните претпријатија, државниот секретар Павловски истакна дека во Република Македонија прашањата поврзани  со јавните претпријатија, поточно поимот на јавните претпријатија, начинот на нивното основање, организација и начин на работење е уредено со Законот за јавните претпријатија. Тој ги образложи дополнувањата и интервенциите поединечно во членовите. Во претресот учествуваа пратениците Хари Локвенец и Мира Стојчевска. Позитивно беа оценети предложените законски измени со кои ќе се зголеми транспарентноста во работењето на јавните претпријатија преку објавување на тримесечните извештаи за своето финансиско работење на нивните веб-страници. Имено, се предвидува обврска јавните претпријатија годишните сметки и финансиките извештаи да ги објавуваат на својата веб-страница во рок од 15 дена од денот на доставување на годишната сметка до Централниот регистар. Вишокот на средства кои ќе ги остваруваат јавните претпријатија ќе ги уплаќаат во Буџетот на Република Македонија, кои може да се користат за повеќе намени.

  • Комисијата за економски прашања со по шест гласа „за“ заклучи дека сите Предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Превземено од Собрание.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *