Дванаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на 12. седница одржана на 28 февруари 2018 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Извештајот за работата на Регулаторната комисија за домување за период 01 јули до 31 декември 2017 година;
  2. Предлогот на законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај – I читањe;
  3. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за воздухопловството – I читање, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Ејуп Алими, Диме Велковски, Костадин Ацевски и Лилјана Поповска;
  4. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба – I читање, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Ејуп Алими, Диме Велковски, Костадин Ацевски и Лилјана Поповска;
  5. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење – I читање, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Ејуп Алими, Диме Велковски, Костадин Ацевски и Лилјана Поповска;
  6. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем – I читање, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Ејуп Алими, Диме Велковски, Костадин Ацевски и Лилјана Поповска;
  7. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем – I читање, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Ејуп Алими, Диме Велковски, Костадин Ацевски и Лилјана Поповска;
  8. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за домување – I читање, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Ејуп Алими, Диме Велковски, Костадин Ацевски и Лилјана Поповска;
  9. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности – I читање, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Ејуп Алими, Диме Велковски, Костадин Ацевски и Лилјана Поповска;
  10. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги – I читање, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Ејуп Алими, Диме Велковски, Костадин Ацевски и Лилјана Поповска;
  11. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање – I читање, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Ејуп Алими, Диме Велковски, Костадин Ацевски и Лилјана Поповска;
  12. Предлог – законот за изменување на Законот за животната средина- I читање, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Ејуп Алими, Диме Велковски и Татјана Прентовиќ;
  13. Предлог – законот за изменување на Законот за заштита на природата- I читање, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Ејуп Алими, Диме Велковски и Татјана Прентовиќ;
  14. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина – I читање, поднесен од пратениците Панчо Минов, Лилјана Поповска и Маја Морачанин.

Извештајот за работата на Регулаторната комисија за домување за период 01 јули до 31 декември 2017 година го образложи г. Башким Алили, член на Регулаторната комисија за домување.

На седницата на Комисијата во својство на претставници на Владата на Република Македонија присуствуваа г-ѓа Елена Атанасовска-Ангеловска, раководител на сектор во Министерството за транспорт и врски и  г-ѓа Јадранка Иванова од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и пратениците Диме Велковски, Костадин Ацевски, Татјана Прентовиќ и Панчо Минов, во својство на овластени предлагачи или нивни претставници по Предлог-законите.

Преставниците дадоа образложенија по Предлог на законите и ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

На крајот од расправата, Комисијата едногласно констатираше дека горенаведените Предлог на закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање, додека со 3 гласа ,,за” и 4 гласа ,,против” не го усвои заклучокот по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за животната.

Превземено од Собрание.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *