Деветта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 9. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  • Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации;
  • Предлогот на законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа заменикот на министерот за информатичко општество и администрација, г. Александар Бајдевски и министерот за транспорт и врски, г. Горан Сугарески. Претседавачот на седницата, г. Диме Велковски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлог-законите и Комисијата ги проследи истите на натамошна постапка во Собранието. Превземено од Собрание.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *