Десетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на 10. седница одржана на 25 јануари, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио и телевизија за 2018 година;
  2. Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2018 година;
  3. Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2018 година;
  4. Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2018 година;
  5. Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија за 2018 годинa.

На седницата на Комисијата присуствуваа и ги образложија горенаведените Предлози: г-ѓа Смилка Јанеска-Саркањац, претседателот на Програмскиот совет од Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија; г. Влатко Атанасовски, директор на Агенцијата за пошти; г-ѓа Ивана Анѓеловска, директор и Сејдин Абази, член на УО на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор и г. Драги Стојаноски, претседател на УО на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Во дискусијата учествуваа пратениците: г. Реџаиљ Исмаили, г. Диме Велковски, г. Мирослав Јовановиќ и г. Благојче Трпевски.

На крајот од расправата, Комисијата, со 6 гласа ,,за” му предложи на Собранието на Република Македонија да донесе Одлуки за одобрување и за давање согласност за горенаведените Предлози.

Превземено од Собрбание.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *