Четврток, 25 јануари 2018 година

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Број 11/16-20
ЧЕТВРТОК
25 јануари 2018 година

ЗАКАЖАНИ АКТИВНОСТИ

11.00 часот, Сала 10
СЕДНИЦА БР. 9 НА КОМИСИЈА ЗА ПРАШАЊА НА ИЗБОРИТЕ И ИМЕНУВАЊАТА
Предлог на дневен ред:

1. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија;
2. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија;
3. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави;
4. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО);

5. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици – членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација;
6. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ);
7. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците;
8. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции.

11.00 часот, Сала 6
СЕДНИЦА БР. 10 НА КОМИСИЈА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА
Предлог на дневен ред:

1. Финансиски план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2018 година;
2. Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2018 година;
3. Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2018 година;
4. Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2018 година;
5. Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2018 година.
11.00 часот, Сала 4
СЕДНИЦА БР. 10 НА КОМИСИЈА ЗА ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за дополнување на Законот за класифицирани информации – II читање;
2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи – II читање;
3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција – II читање, (архивски број 08-4993/1)
4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција – II читање, (архивски број 08-4766/1).

12.00 часот, Сала „Борис Трајковски“
СЕДНИЦА БР. 17 НА КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ
Предлог на дневен ред:
1. Годишен финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2018 година.

13.00 часот, Сала 6
СЕДНИЦА БР. 19 НА КОМИСИЈА ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ И ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ
Предлог на дневен ред:
1. Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2016 година;
2. Годишен извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2016 годинa.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Разгледување на извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство.
13.00 часот, Сала 4
СЕДНИЦА БР. 41 НА ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за дополнување на Законот за класифицирани информации – II читање;
2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи – II читање;
3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција – II читање;
4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција – II читање;
5. Барање за давање на автентично толкување на член 14 став 2 алинеја 2 од законот за изменување и дополнување на Законот за домување, поднесено од пратеничката Невенка Стаменковска;
6. Барање за давање на автентично толкување на член 25 а во врска со член 37 од Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, поднесено од пратеникот Петар Атанасов.

Подготвила: Снежана Орловиќ Стојановиќ
Контролирал:
Одобрил: Фелек Касами

Одделение за јавно информирање и односи со јавноста 25.01.2018

Превземено од Собрание.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *