Петок, 22 декември 2017 година

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Број 141/16-20
ПЕТОК
22 декември 2017 година

ЗАКАЖАНИ АКТИВНОСТИ

10.45 часот, Сала 4
СЕДНИЦА БР.33 НА ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:

1. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија

10.45 часот, Сала 4
СЕДНИЦА БР. 8 НА КОМИСИЈА ЗА ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ
Предлог на дневен ред:

1. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

11.00 часот, Сала „Македонија“
СЕДНИЦА БР. 26 НА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Дополнет предлог на Буџет на Република Македонија за 2018 година;
2. Предлог на програма за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2018 година;
3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка;
4. Предлог на закон за ратификација на Договорот за основање на транспортната заедница;
5. Предлог на закон за ратификација на Протоколот за изменување на Договорот од 13 јули 2006 година меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за одбегнување на двојното оданочување во однос на даноци на доход и на имот;
6. Предлог на закон за ратификација на Дополнителен билатерален договор кон Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривичните предмети од 20.04.1959 година, со цел олеснување на нејзината примена;
7. Предлог на закон за ратификација на Дополнителен билатерален договор меѓу Република Македонија и Република Италија кон Европската конвенција за екстрадиција од 13 декември 1957 година за олеснување на нејзината примена;
8. Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство;
9. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик – II читање.
10. Предлог на одлука за објавување јавен оглас за избор на главен државен ревизор на Државниот завод за ревизија, поднесен од пратениците: Томислав Тунтев, Ејуп Аљими и Фадил Зендели;
11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, по скратена постапка, (Материјалот е повлечен), поднесен од пратениците: Јован Митрески, Соња Мираковска, Ејуп Аљими и Томислав Тунтев;
12. Предлог на закон за изменување на Законот за платниот промет, по скратена постапка, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Соња Мираковска, Реџаиљ Исмаили и Томислав Тунтев;
13. Предлог на закон за изменување на Законот за задолжителни нафтени резерви, по скратена постапка, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Соња Мираковска, Ејуп Аљими и Томислав Тунтев;
14. Предлог назакон за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи, по скратена постапка, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Соња Мираковска, Реџаиљ Исмаили и Томислав Тунтев;
15. Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, по скратена постапка, поднесен од пратениците: Томислав Тунтев, Соња Мираковска и Реџаиљ Исмаили;
16. Предлог на закон за рестриктивни мерки – II читање;
17. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход,по скратена постапка, поднесен од пратениците: Јован Митрески, Томислав Тунтев, Ејуп Аљими и Соња Мираковска;
18. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, по скратена постапка, поднесен од пратениците: Горан Милевски, Ивана Туфегџиќ, Реџаиљ Исмаили, Маја Морачанин и Лилјана Поповска;
19. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

По завршување на точката од Дневниот ред на 26. седница: Дополнет предлог на Буџет на Република Македонија за 2018 година ќе продолжи
СЕДНИЦА БР. 21 НА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(започната на 21.11.2017 год.) (прво продолжение)
Дневен ред:

1. Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската Унија, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина;

6. Предлог на закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, по скратена постапка.

По завршување на 21. седница ќе продолжи 26. седница

Подготвил: Снежана Орловиќ Стојановиќ
Контролирал:
Одобрил: Фелек Касами

Одделение за јавно информирање и односи со јавноста 22.12.2017

Превземено од Собрание.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *