Градиме мостови на разбирање

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Во организација на UN Women и Македонско женско лоби (МЖЛ), во Струга на 21 и 22 септември се одржа Работилница под мотото „Градиме мостови за разбирање“, на која учествуваа членки на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија.

На работилницата свое обраќање имаа г-ѓа Ѓулумсер Касапи, координаторка на Клубот на пратенички, г-ѓа Ермира Лубани и Доминика Стојаноска, претставнички на Телото на ОН за родова рамноправност и зајакнување на жените (UN Women).

За позитивните искуства од работата на пратеничките зборуваше г-ѓа Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието на Република Македонија, а г-ѓа Даниела Димитриевска, извршната директорка на Македонското женско лоби зборуваше за Клубот на пратенички – за неговата мисија, визија, надлежност и за позитивните искуства и резултати.

Госпоѓа Неда Малеска Сачмароска, експертка даде осврт на Основните концепти и воведување на родовата перспектива во главните текови, што беше подготовка за работа во групи, во кои учествуваа сите пратенички за Еднакви можности визави еднаков пристап – политики: Проценка на влијанието на политиките од родов аспект.

На крајот од работилницата учесничките препорачаа да се организираат повеќе вакви работилници, на коишто ќе има можност да присуствуваат и да дебатираат за различни родови тематики, пратенички од сите политички партии застапени во Законодавниот дом.

Превземено од Собрание.мк

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *