Средба на претседателот Џафери со шефот на мисијата на ОДИХР во Македонија, г-ѓа Одри Гловер

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори, предводена од г-ѓа Одри Гловер, шеф на мисијата на ОДИХР во Македонија.

На средбата се зборуваше за неопходноста од одржување на фер и демократски избори како и за важната улога што набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ја има во мониторингот и оценката на предизборниот и изборниот процес.

На средбата соговорниците се согласија дека изборите се клучен фактор во демократските процеси во земјата и дека сите инволвирани страни мора да покажат политичка волја и да преземат одговорност за нивно непречено одвивање.

Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР најавија дека ќе продолжат будно да го следат предизборниот и изборниот процес. Заеднички е изразена согласност дека на 15 октомври мора да се спроведат фер и регуларни избори и дека е важно докрај да се обезбедат сите услови за да можат граѓаните слободно да ја изразат својата волја.

 

Превземено од Собрание.мк

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *