Повторно е реактивиран клубот на пратенички во Собранието на РМ

По подолга пауза повторно се активираше Клубот на пратенички во Собранието на РМ.

Клубот на пратенички на 06.07.2017 одржа конститутивен состанок на кој за координаторка беше предложена и избрана пратеничката од СДСМ, Ѓулумсер Касапи, а беше договорено пратеничките од парламентарните партии, да делегираат членки на претседателството на клубот.

Клубот на пратенички ќе делува со заедничка и единствена цел да иницира законски решенија за постигнување на родова еднаквост и унапредување на правата на жените, нивно активно вклучување во процесот на одлучување во државата како и зајакнување и ширење на демократијата во сите сфери на македонското општество.

Клубот на пратенички е формиран на 7 март 2003 година во рамките на регионалниот проект на Пактот за стабилност – Маса за родова рамноправност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *