Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

За Проектот

Целта на проектот “Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание” е подобрување на работата на Собранието преку вклучување на граѓаните во информирана дебата за улогата на Собранието и изборните реформи.

Проектот започна да се имплементира во јули 2016-та г. и ќе се спроведува до март 2018 г.

Во овој сегмент од проектот активностите се состојат од набљудување на работата на Собранието преку подготовка на Индекс на продуктивност на Собранието и отворање на дебата за улогата на Собранието во постапката за донесување на закони и потребата од вклучување на сите засегнати страни во истата.

Во рамките на проектот ќе се подготвуваат периодични извештаи кои ќе ја информираат јавноста, медиумите и граѓанските организации за работата на пратениците, како и за начинот на кој Собранието ја извршува својата улога регулирана со Уставот.

Крајната цел е придонес кон суштинска дебата за законските решенија, преку вклучување на сите засегнати страни во процесот, што би придонело и кон подобрување на Индексот на продуктивност на Собранието во иднина.

  • Набљудување на работата на Собранието
  • Набљудување на работата на пратениците
  • Набљудување на собраниските комисии
  • Набљудување и оценка на квалитетот на донесените закони
  • Објавување на Индексот на продуктивност на Собранието на Република Македонија
  • Вклучување/ информирање на граѓаните
  • Подготовка на студии со конкретни мерки и препораки
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.