За МОСТ и соработката со Собранието на РМ

Во текот на своето постоење МОСТ се позиционираше како професионална и добро организирана граѓанска организација, чиишто квалитети и резултати се признаени и ценети од самите граѓани како и од меѓународната заедница присутна во Македонија.

Граѓанската асоцијација МОСТ е првата организација од Македонија која ја потпиша Глобалната Декларација за отвореност на Парламентот, која претставува збир на заеднички принципи на отвореност, транспарентност и достапност на парламентите, развиена од страна на организации кои ја набљудуваат нивната работа.

Од самото свое оформување, МОСТ и Собранието на РМ соработуваа и зеднички спроведоа голем број на значајни активности и проекти. Покрај проектите што вклучуваа соработка, МОСТ ја набљудуваше и работата на Собранието. Дел од проектите кои ги спроведуваше МОСТ во оваа област постигнаа институционална и финансиска одржливост.